СПОРТФОРМУЛА - 1

Жестока казна за пилотите на “ХАС” во Монте Карло

Возачите на американскиот тим Хаас, Нико Хулкенберг и Кевин Магнусен се дисквалификувани од квалификациите за трката на Големата награда на Монако.

Судиите по квалификациите ги поништија резултатите на искусното возачко дуо. Магнусен требаше да тргне од дванаесеттата, а Хулкенберг од петнаесеттата позиција – меѓутоа трката ќе ја започнат од боксот.

Причината за тоа се пронајдените неправилности во задното крило за ДРС (Drag reduction system), кои резултираа со казна за возачите.  Трката на улиците во Монте Карло се вози во 15:00 часот, а на пол-позиција ќе тргне Шарл Леклер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button