ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Таравари пред одлука дали да го предводи Министерството за здравство

Таравари пред одлука дали да го предводи Министерството за здравство

Претставниците на коалицијата „Вреди“ започнаа да ги потврдуваат написите во медиумите за поделбата на ресорите во идната Влада. Според неофицијалните информации, коалицијата „Вреди“ ќе предводи шест министерства – за економија, животна средина, здравство, за политички систем, труд и социјална политика, а ќе има и министер без ресор. Дел од преговорите е и Секретаријатот за европски прашања. Во изјава за Алсат, Арбен Таравари од „Вреди“, вели дека најголемиот дел од пишувањата се вистинити, но остава на идниот мандатар официјално да го соопшти составот на идната Влада. Тој информира дека наскоро ќе одлучи дали ќе го предводи Министерството за здравство.

„Се уште немам конечна одлука. Се зборуваше и вистина е дека имаше понуда за да бидам министер за здравство, но јас се уште немам разговарано со партиските структури, но и со луѓето од Општината, со кои соработувам, но исто така и со луѓето важни за мене, кои секогаш помагаа при локалните избори, така што немам конечна одлука. Ќе размислам добро и верувам дека за два до три дена ќе имам дефинитивна одлука каде планирам да продолжам“, рече Арбен Таравари – Коалиција „Вреди“.

Неофицијално дел од договорот е и позицијата претседател на Собранието, место кое најверојатно ќе му припадне на Африм Гаши. „Вреди“ ќе има и пет заменици-министри, во Министерството за земјоделие, култура, образование, одбрана, транспорт и врски, како и во Министерството за внатрешни работи. Коалицијата ќе предложи и пет државни секретари.

„Јас не сакам да кажам нешто пред тоа да се објави од страна на мандатарот. Мислам дека не би било фер. Верувам дека сте виделе во многу медиуми, имаше информации за одредени министерства, за позиции, зборувам за првиот и вториот ешалон… и можам со голема одговорност да кажам дека повеќето од тие информации се сигурни информации коишто се брифирани од страна на политичките партии. Тие можат да доаѓаат од „Вреди“ или од ВМРО-ДПМНЕ. Можам да кажам дека ќе ги имаме 90 проценти од позициите за коишто досега е пишувано“, додаде Арбен Таравари – Коалиција „Вреди“.
Во меѓувреме, ВМРО-ДПМНЕ ги продолжи преговорите за состав на идната Влада и со партијата на

Доцна синоќа од Движењето „ЗНАМ“ соопштија дека претставници на двете партии одржале состанок, на кој се разговарало за стратешките определби, политичките начела и политичката платформа за соработка. Од ВМРО-ДПМНЕ денеска не споделија детали околу евентуалната поделба на ресори и барањата на „ЗНАМ“.

„Се уште нема конечен договор. Тоа што можам да го споделам е дека разговорите се одвиваат во позитивен дух“, рече Наум Стоилковски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и Движењето „ЗНАМ“ се очекува да постигнат конечен договор до вторник за кога е закажана конститутивната седница на Собранието. Новата Влада е најавено да се формира до 20 јуни./Алсат.мк

Лука Андрев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button