ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На дисперзирањето на противпожарната територијална единица во Тетово не му се гледа крајот

На дисперзирањето на противпожарната територијална единица во Тетово не му се гледа крајот

Дисперзирањето на противпожарната територијална единица во трите општини се чини дека води кон неуспех. Причина за тоа, според раководителот на оваа единица во Тетово, е блокадата што ја прават градоначалниците на Боговиње и Теарце, кои не наоѓаат соодветна локација за противпожарна станица. Според Амети, доколку овие општини одбијат да соработуваат, услугите ќе бидат прекинати.

„Најдовме заеднички јазик само со градоначалникот на Општина Желино, кој следната недела ќе го отвори центарот во Желино. Со општина Боговиње неколку пати се обидовме да разговараме за локацијата каде што ќе се наоѓа противпожарната станица, меѓутоа не најдовме заеднички јазик, како со градоначалниците на Боговиње и на Теарце“, рече Авни Амети. началник на ППТЕ Тетово.

Иако Законот не дозволува формирање на противпожарни единици во рурална општина, градоначалникот на Боговиње, Бесник Емшиу, рече дека општината ќе ја формира оваа единица заедно со Врапчиште, и тоа како прекуграничен проект, во соработка со Општина Церик, Албанија.

„Во моментов, заедно со општина Врапчиште, добивме прекуграничен проект со општина Церик, Албанија и формираме сопствена општинска противпожарна единица. Се наоѓаме во завршна фаза и наскоро истата ќе биде готова“, рече Бесник Емшиу, градоначалник на Општина Боговиње .
Дали мислите дека законот го дозволува ова?

„Во моментов, врз основа на Законот, тоа не е дозволено, но, се надеваме, ќе помине во Министерството за одбрана за финансирање од блок дотациите за противпожарната станица“, додаде тој.

Контактиравме и со Општина Теарце, од каде рекоа дека и натаму работат на изнаоѓање локација и реализација на овој проект. Со формирањето на три дисперзирани локации, противпожарната единица во Тетово се очекува да вработи најмалку педесетина пожарникари, а територијалната противпожарна единица се очекува да премине во Противпожарнат бригада и ќе биде втора во земјата, по онаа во Скопје./Алсат.мк

Башким Сулејмани

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button