ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Српските власти продолжуваат да реагираат на гласањето за резолуцијата за Сребреница во Обединетите нации

Српските власти продолжуваат да реагираат на гласањето за резолуцијата за Сребреница во Обединетите нации

Српскиот претседател Александар Вучиќ изрази разочарување од Македонија, поради тоа што гласаше „за“ резолуцијата на Обединетите нации со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. Вучиќ рече дека постапката на Македонија го погодила повеќе од Црна Гора, истовремено поздравувајќи ја одлуката на Грција да гласа воздржано.

„Потешко ме погоди гласањето на Северна Македонија . Најмногу сум вложил во односите со нашите браќа Македонци, но тоа не беше фер. Се покажа дека Грција има повеќе ‘рбет од Скопје. Згрозен сум од однесување на Црна Гора во однос на резолуцијата. Не ме разочара бидејќи очекував да гласа „за“. Но, постапката на Северна Македонија ме погоди посилно од Црна Гора“, рече Александар Вучиќ, претседател на Србија.

Резолуцијата, предложена од Германија и Руанда, беше поддржана од 84 земји-членки на ОН, вклучително и сите републики од поранешна Југославија. Понатаму, 19 држави беа против, а 68 водржани.
Во оваа резолуција, Србија не се споменува како виновник, ниту пак се споменува српскиот народ.

„Резолуцијата безрезервно го осудува секое негирање на геноцидот во Сребреница како историски настан, како и постапките кои ги величат тие што се осудени од меѓународните судови за воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид, вклучувајќи ги и одговорните за геноцидот во Сребреница“, се вели во Резолуција.

Резолуцијата се однесува на 11 јули 1995 година, кога српските сили влегоа во Сребреница, која тогаш беше под специјална заштита на ОН, и убија повеќе од 8.000 муслимански мажи и момчиња./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button