ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Формирана комисија од општина Липково за проценка на штетите по невремето на 21 мај

Формирана комисија од општина Липково за проценка на штетите по невремето на 21 мај

Уништени земјоделски култури, скршени соларни панели, оштетени автомобили. Ова се дел од штетите кои ги остави невремето од пред неколку дена кое ги зафати Ликовскиот и Кумановскиот регион. Жителите велат дека градот ги уништил земјоделските производи за кои работеле напорно, а не ги поштедил ниту другите материјални работи.

“Што се однесува до нашето село, имаме две брани над нас, кои веќе се полни и сите мислевме дека Божјата волја можела да го оштети повеќе, да стане катастрофална поплава….Штетите се такви какви што ги гледате. Оштети поголем дел од засадените градини .Не го знам точниот број, но некаде над 200 веројатно се оштетени…03:53 Имаме обработливо земјиште, имам, јас на пример имам неколку, околу 1000 метри засадено со кромид, компири, домати, пиперки, краставици. Имавме доста штета”, рече еден Жител на Липково.

“Сами ја видовте штетата, имаме големи штети, јас имам и посеви, пиперки, домати, дома се ни беше расипано. Можете да видите дека 80 проценти од соларните панели се скршени, а 50 проценти од автомобилите се скршени. Стаклото ми е скршено, оштетено, а другата опасност е што горната брана е премногу наполнета. Денес, можете да се прелеее и никој не презема мерки за да види за што се работи“, додаде друг Жител на Липково.

Од Општина Ликово велат дека во моментов е во тек постапката за пријавување на штетата.

„Од вчера до денеска се поднесени 6 пријави. Во наредните денови очекуваме да добиеме барања за обесштетување. Во општината е формирана Комисијата, во согласност со постојните закони и прописи и во соработка со државните органи и ќе ги преземеме понатамошните чекори”, велат од Општина Липково.
Невремето со град го зафати регионот пред три дена, односно на 21 мај./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button