ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Агелер: Ако можевме ние да ги најдеме доказите за Груби и Беџети, можете и вие

Ставањето на поранешниот вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер Беџети на црната листа на САД е за да се повикаат на одговорност оние поединци чии криминални дејности ја поткопуваат безбедноста, стабилноста и вредностите на управување, изјави денеска американската амбасадорка Анџела Агелер.
На прес-конференција во Амбасадата на САД во Скопје, Агелер потенцираше дека доказите за нивните влијанија се достапни и очекува македонските институции да преземат мерки.
„Не мора да ние да даваме докази или информации на тукашните институции. Доказите се достапни. Ако ние можеме да ги најдеме, можат и македонските институции“, рече Агелер.