РЕГИОН

Ховениер: Има странски актери кои сакаат да ја поткопаат демократијата во Косово

Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер изјави дека има „активни злонамерни странски актери кои сакаат да ја поткопаат демократијата во Косово, користејќи ги етничките поделби“.

„Не, не смееме да дозволиме тоа да се случи“, рече Ховениер на 10 декември во Приштина, на конференција, организирана од американскиот Националниот демократски институт (НДИ) чие седиште е во Вашингтон.

Тој додаде дека дезинформациите може да имаат директни последици, особено за време на предизборниот период, во кој се наоѓа Косово во пресрет на парламентарните избори кои треба да се одржат на 9 февруари.

Во тој контекст, Ховениер посочи на лажен, измислен разговор меѓу него и косовскиот премиер Албин Курти, кој беше објавен пред неколку години на социјалните мрежи „со цел да се влее недоверба кај српската заедница во Косово.

„За среќа, не многу луѓе го сфатија тоа сериозно… Но, тоа што некој напишал сценарио, го подготвил тоа сценарио, направил целосно лажно видео со намера да сее недоверба и загриженост кај српската заедница и го објавил на социјалните мрежи, го покажува степенот на овие проблеми“, истакна американскиот амбасадор.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button