СПОРТФУДБАЛ

Агон Елези во завршни преговори за трансфер во Бохум

Репрезентативецот на Македонија, Агон Елези е пред трансфер во редовите на бундеслигашот Бохум.

Фудбалерот за врска на Вараждин е во завршни преговори за трансфер во бундеслигашот Бохум. Според информациите, останува само Елези да ги мине медицинските прегледи и да стане нов фудбалер на клубот.

Елези дојде во Вараждин во 2020 година, одигра 68 натпревари, постигна осум гола и забележа една асистенција. Оваа сезона има 780 минути во дресот на Вараждин на 12 натпревари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button