Ахмети: Проблемите во ДУИ нема да ги реши комшијата

За прв пат од формирањето, ДУИ одбележува 21 година од основањето поделена на две фракции. На почетокот на третата деценија, на прославата не беа присутни дел од основачите и раководните структури на партијата. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на првата годишнина без неговите пријатели, фракционерите ги нарече група која е формирана за остварување на лични интереси.
„Не смее да се стават личните интереси пред општите. Никогаш не сум ја забранил слободата на говор и различните мислења во ДУИ. Секогаш се дебатирало во ДУИ. Проблемите не ви ги решава комшијата. Затоа, проблемите треба да се решаваат дома, а не кај комшии“, рече Ахмети.
Ахмети повика со внатрепартиските избори што ќе се одржат на 2 јули да да се демонстрира партиската демократија и политичката зрелост.
„На 2 јули идниот месец, дотогаш ќе има отворена трка и натпревар во рамките на ДУИ. Секако ќе победат тие кои ќе имаат поддршка од мнозинството членство“, додаде Ахмети.
неговиот говор по повод 21-година од партијата, Ахмети говореше за проектите кои, според него, го носат печатот на неговата партија. Сега, според Ахмети, фокусот е на европскиот фронт, во кој сите се добредојдени. Во меѓувреме, тој ја повика ВМРО- ДПМНЕ да размисли за поддршка на процесот на интеграција во ЕУ.
Адријан Керими