ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ахмети прогласи победа во неколку општини

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на вечерашното обраќање од седиштето на партијата прогласи победа во Сарај, Липково и Пласница и ги спомена општините во кои ќе одлучува вториот круг. Меѓу нив се Општина Тетово, Струга и други. Во меѓувреме, за Гостивар, тој само рече дека ДУИ ги зголемила  гласовите во оваа општина, но дека сѐ уште ги нема конечните резултати.

Advertisements

„Сакам да им се заблагодарам на сите наши лојални гласачи кои беа решени за духот, животната агенда на ДУИ. ДУИ води значително во општина Тетово, води значително во општина Чаир, води значително во Општина Кичево, води значително во општина Струга. Значително води во општините Желино, Теарце, Боговиње, Арачиново, Долнени“, рече Али Ахмети, додавајќи дека во Дебар ДУИ ќе оди во вториот круг, додека во Гостивар ги зголемила гласовите но дека нема конечни резултати.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button