Ахмети со закани, доколку Уставен го допре Законот за употреба на јазиците
Ахмети со закани, доколку Уставен го допре Законот за употреба на јазиците

Ахмети и неговата партија се дестабилизирачки фактори за премиерот Христијан Мицкоски. Според него, со континуираните изјави на Ахмети, вклучително и со последната за Законот за употреба на албанскиот јазик, Ахмети ги загрижува не само Мицкоски, туку и меѓународниот фактор.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вчера на средба со граѓаните во Шуто Оризари изјави дека се уништуваат сите достигнувања на Албанците и дека ако уставните судии го допрат албанскиот јазик, сите Албанци ќе ги наполнат плоштадите во Скопје.
„Албанскиот јазик е засегнат, ако денеска се допре, нека знаат дека плоштадите во Скопје ќе бидат полни. Не знам како да предупредам, ние не создаваме криза. Не треба да се плашат бидејќи не ја дестабилизираме државата. Ако државата сака дестабилизација, предупредувам; допрете го албанскиот јазик, допрете ги достигнувањата на Албанците, немате гаранција од наша страна“, рече Али Ахмети, прв човек на ДУИ.
Неколку членови од законот за употреба на јазиците се оспорени во Уставниот суд, во неколку различни иницијативи, од Левица, ВМРО-ДПМНЕ, адвокати и други лица./Алсат.мк
Фатлуме Дервиши