МАКЕДОНИЈА

Ахмети за Огнената група: 20 години на функции и уште не се среќни

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети ги обвини своите сопартијци дека останале на власт 20 години и правеле ршум. Тој рече дека во ДУИ има војна меѓу функционерите да си го заземат местото еден на друг. Зборувајќи за „Огнената група“, Ахмети пред жителите на Врапчиште изјави дека грешат и побара од нив да им се придружат на актуелните партиски челници и да им помогнат.

„Им кажав дека се луѓе кои сум ги имал пријатели, ги имам за пријатели, грешат, тотално грешат, бидејќи поминаа 20 години и не дека страдале за нешто, секогаш со функции, ако имаше некој што немал функција, ќе беше налутен, 20 години ршум со функции и уште не се среќни, тргни овој стави тој, јас водам органи и имам одговорности, не можам да бидам пристрасен“, рече Ахмети.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button