ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ формираше работна група за преговорите со Алијанса

По средбата на премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на АА, Арбен Таравари, СДСМ избра работна група за продолжување на преговорите со АА за што побрз влез во Владата. Освен Ковачевски, дел од работната група на СДСМ ќе бидат и генералниот секретар Миле Зеќевиќ, Љупчо Николовски и Јован Митревски.

Претседателот на АА, Арбен Таравари во Емисијата „200“ во Алсат изјави дека на синоќешната средба меѓу него и Ковачевски присуствувал и претседателот на ДУИ Али Ахмети придружуван од Артан Груби. Таравари рече дека таргетираат некои важни ресори за влез во Владата, иако за нив сѐ уште не е разговарано.

„Не сме ги поделиле ресорите, инаку во спротивно немам што да кријам“, рече Таравари.

Прашање: Вие, каде можете најмногу да придонесете, каде велите дека ситуацијата е многу лоша и треба да раководите?

„Во здравството имаме добри кадри кои можат да водат и можат да се покажат и можеме да направиме разлика, исто така во две-три други министерства имаме вистински кадри кои можат да дадат свој придонес“, вели Таравари.

Прашање: Како на пример?

„Што и да кажам ќе биде погрешно сфатено и ќе се сфати дека сме ги поделиле министерствата“, возврати Таравари.

Премиерот Ковачевски пред еден ден и официјално ги започна преговорите со претседателот на АА, Арбен Таравари, со цел Алијанса да стане дел од Владата.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button