Ајола Ѕоѕа, сопругата на Ерион Велиај, првпат реагираше на обвинувањата од СПАК
Ајола Ѕоѕа, сопругата на Ерион Велиај, првпат реагираше на обвинувањата од СПАК

Ајола Ѕоѕа, сопругата на Ерион Велиај, првпат реагираше на обвинувањата од СПАК, против неа и нејзиниот сопруг, градоначалникот на Тирана, кој е во притвор.
Во долгиот пост Ѕоѕа вели:„за фустаните и накитот од 800 илјади евра дознав во исто време со вас“. Според неа, ова е голема лага, притоа додавајќи дека „вкупните онлајн набавки кои вклучуваат облека, козметички производи и фармацевтски производи, додатоци, за десет години изнесува 75 илјади евра. Ѕоѕа ги негира обвинувањата на СПАК, велејќи дека е подготвена се детално да објасни и најави дека ќе се соочи со правдата се до Судот во Стразбур.
Ајола Ѕоѕа, под мерка на „задолжително пријавување“, СПАК ја обвинува за „пасивна корупција“ во 9 случаи, за перење пари и за непријавување приходи. Во меѓувреме, градоначалникот Ерион Велиај е обвинет за злоупотреба на службената положба, активна корупција, пасивна корупција, непријавување имот и перење пари.