ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ако амнестијата помине од затвор излегуваат 286 осуденици

Најмалку 286 лица ќе бидат ослободени ако помине Законот за амнестија, а повеќе од 960 ќе добијат делумна слобода. Министерот за правда, Кренар Лога денеска изјави дека нема информации за случаите кои се амнестираат или за лицата, туку едноставно бил запознаен со делата кои не се засегнати со оваа амнестија. Иако признава дека постои вистинска анализа за ова, Лога рече дека сè уште не се знае кој точно ќе има корист од амнестијата. Сепак, нагласи дека осудените за упадот во Парламентот на 27 април не се вклучени во оваа законска мерка, а ги негираше и имињата и листите објавени во дел од медиумите за имињата на потенцијалните лица кои ќе бидат целосно опфатени од амнестијата.

„Законот од 2018 година се повторува, така што ќе биде истиот закон, но кривичните дела за сексуални злосторства и семејни злосторства нема да бидат простени, нема да биде простено ниту едно кривично дело поврзано со корупција од страна на избрани и именувани лица во институциите“, рече Лога.

Законот ќе биде предаден во Собранието следната недела. Лога очекува поддршка од сите пратеници.

„Ако се блокира, ќе испратам до сите пратеници албум со условите во затворот Идризово и по едно огледало за да се видат себеси пред огледалото, јавноста и своето семејство. Не можеме да дозволиме луѓето осудени за небрежност да се вратат дома како криминалци“, додава Лога.

Предлог-законот ќе биде поднесен по скратена постапка. Најавите на опозицијата се дека тој ќе биде блокиран преку амандмани. Владата не планира да го предлага со европско знаме. Законското решение беше предложено со цел, како што тврдат од власта, да се испразнат затворите и во нив да има подобри услови за издржување ан казните. Во меѓувреме, во тек е проект за нов затвор во Идризово. Тендерот за негова изградба се очекува да биде распишан во ноември, а камен-темелникот да биде поставен во првиот квартал од 2024 година.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button