МАКЕДОНИЈА

Ако епидемиолошката ситуација остане стабилна ќе има настава со физичко присуство, вели Филипче

Ако епидемиолошката ситуација е како што е сега сите ученици ќе почнат за нешто повеќе од еден месец практично со физичко присуство без рестрикција во одделенијата или бројката во училници за што постојат протоколи – проветрување, начин на седење, менување на училниците за предметната настава итн., истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Toj повтори дека ги имаат разработено сите сценарија и интензивно работеле со Министерството за образование и наука.

– Добри три сценарија се разработија во зависност од епидемиолошката ситуација. Доколку се влоши епидемиолошката ситуација подготвени сме да и тука интервенираме во дел на тоа како се организира наставата, додаде Филипче

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button