ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Повеќе фактори можат да предизвикаат пожар

Догорчето од цигарата предизвикува пожар, но не во толкави размери како што е случајот со пожарот во Делчево – Пехчево. Во 90 проценти вината за појава на пожар е во човекот, а останатиот процент е поради други појави како несоодветни кабли за електрична енергија и слично, вели првиот човек  на противпожарната едница во Скопје Владимир Симоновски. Граѓаните во овие топли денови не треба воопшто да размислуваат за палење оган на отворено, и да ги почитуваат забраните за движење во шуми бидејќи само така пожарите ќе се намалат, вели Симоновски.

„Догорчето од цигара не може да направи толкави пожари со толкав размери и толкав обем на пожар како што е сега во моментов пожарот Пехчево –  Делчево, тоа со сигурност ви го тврдам и колку вегатацијата да е таква и колку да има борова шума и струење на ветар, кој што е помагател на пожарот толкави колични на хектари на зафатени шумски е човечкиот фатктор. Целото невнимание кај нас или кај самите граѓани што мислат дека не може тоа да предизвика толкава штета или катастрофа на шумскиот фонд.“

Од МВР информираат дека досега три лица се лишени од слобода поради сомневање дека подметнале пожари. Полициски службеници затекнале и едно лица во близина на пожарот кај месноста „Стара депонија“ во Штип каде при контрола биле пронајдени изгорени пружини по што ќе следи соодветна пријава.

„Утрово околу 06.15 часот во Дабница, прилепско, од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп лишен од слобода е М.Е. (34) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека подметнал пожар на место викано Дабница. Полициски службеници од СВР Битола-ОВР Ресен го лишија од слобода К.С. од с.Лева Река, ресенско, поради постоење основи на сомнение дека го предизвикал  пожарот во Лева Река. Лишан од слобода е и Л.А. (32) од Р.Албанија, со илегален престој во државата, поради постоење основи на сомнение дека подметнал пожар над гостиварско Пожаране.“

Низ цела држава важи забраната за движење во шумските предели од страна на граѓаните. Глобите за прекршување на оваа забрана се движат од 1.500 до 2.000 евра. Намерно или небрежно предизвикување на пожар според кривичниот законик се санкционира и со затворска казна до осум години.

Andrea Çobanova

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button