ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Актерката Силвија Стојановска осудена на три и пол години затвор за шверцот на кокаин во Шпанија

Актерката Силвија Стојановска е осудена на казна затвор од три и пол години, а Воислав Будисавјевиќ на седум години затвор, откако денеска Кривичниот суд беа прогласени за виновни по обвинението за транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија, објави „Фокус“ повикувајќи се на Кривичниот суд.

Стојановска до правосилноста на пресудата ќе остане на слобода бидејќи ѝ е укинат куќниот притвор и за неа е одредена мерка на претпазливост. А Будисавјевиќ до правосилноста на пресудата ќе остане во притвор.

Според обвинението, Стојановска и Будисавјевиќ организирале транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија.

„Во текот на истрагата Обвинителството утврди дека во периодот од јули 2019 година до 18.12.2019 година обвинетите, заедно со тројцата обвинети во Шпанија, од кои едниот е македонски државјанин, брат на првообвинетиот, како и повеќе лица, учествувале во неовластено купување, пренесување и продавање кокаин во вкупна количина од 6 987 581 грам. Обвинетите подготвувале и организирале неовластено купување, превезување и сместување на кокаинот од Колумбија до Мадрид, и барале купувачи“, се наведува во обвинението.

Од истрагата, Обвинителството утврдило дека обвинетите меѓусебно комуницирале со користење телефонски мобилни уреди и мобилни апликации со заштитени канали, а користеле и уред за детектирање евентуална полициска инсталација и дигитални преноси за примена на посебни истражни мерки.

Стојановска и Будисављевиќ беа приведени на крајот на декември минатата година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button