МАКЕДОНИЈА

ОЈО Прилеп поднесе обвинение за тренерот по џудо заради полови дејствија врз деца

Основното јавно обвинителство Прилеп до надлежниот суд поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 46 години кое го товари за сторени кривични дела – Обљуба со злоупотреба на положбата.

– Обвинетиот како тренер по џудо, од февруари до декември 2020 година,  во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба ивршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години – четири ученички кои му биле доверени заради тренирање и воспитување, се вели во соопштението од ОЈО.

Заедно со обвинението надлежниот јавен обвинител до Судот доставил и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетиот.​

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button