ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Актерката Стојановска ослободена од обвинението за шверц на дрога
Актерката Стојановска ослободена од обвинението за шверц на дрога

Актерката Силвија Стојановска е ослободена од обвинението за транспорт на дрога, потврдија за МИА од Основен Кривичен суд – Скопје.
Откако Апелација го врати предметот, на повтореното судење судијата Огнен Ставрев истакнал дека јавниот обвинител не докажал дека Стојановска го сторила кривичното дело за кое се товари.
Според обвинението, Стојановска и Будисавјевиќ организирале транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија.
Нејзиниот партнер Воислав Будисављевиќ беше првостепено осуден на седум години затвор, а Апелациониот суд му ја зголеми казната на 12 години.