ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Компанија од Грција во најтесен круг за хидроелектрана на Црна Река

Компанија од Грција во најтесен круг за хидроелектрана на Црна Река

Компанија од Грција е во најтесниот круг да го добие тендерот за изградба на хидроелектрана на Црна река. Ова е 14ти обид да се реализира проектот Чебрен . Комисијата на тендерот подобро го оценила грчкиот конзорциум од нејзиниот конкурент компанија од Франција за добивање на бизнисот со производство на електрична енергија од обновливи извори. Според најавите ќе се произведува балансна енергија од најмалку 333 мегавати. Сега следува рок од 60 дена во кој Комисијата треба да даде зелено светло, и да ја извести владата, а договорот би бил потпишан кон средината на идната година.

„Првото производство на електрична енергија е проектирано да започне во 2029.Следува период на евалуација на пристигнатите понуди и очекуваме успешна реализација на проектот“, изјави Насер Нуредини министер за животна средина.

Обврските во делот на инвестирањето целосно треба да паднат на товар на приватниот оператор. Првичните информации се дека проектот тежи над 500 милиони евра. За дваесетина години за овој проект пропаднаа 13 неуспешни тендери за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште. Сега проектот е Јавно-приватно партнерство со ЕСМ. Последнава постапка за избор на фирма инвеститор започна на 17 јануари 2020 година.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button