ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Аларм од НВО-секторот за малверзации со градежните парцели во Охридско

Аларм од НВО-секторот за малверзации со градежните парцели во Охридско

На нешто помалку од три месеци до крајниот рок кој УНЕСКО им го даде на властите во земјава да достават извештај за направеното за Охридскиот регион да го зачува статусот, невладини организации алармираат. Велат дека локалните и централни власти не презеле ништо. И понатаму се градат висококатници надвор од дозволеното и покрај тоа што според препораките на УНЕСКО, од вкупната градежна парцела е дозволиво да се искористат само 50% за градба.

„Локалната самоуправа, односно секторот за урбанизам тука ги злоупотребува своите позиции, односно одредени лица ги злоупотребуваат своите позиции се со цел да дојдат до некој профит, преку изградбата на тие станови…“, рече Никола Киселинов Боздоганов-претставник на НВO.

Имало неколку случаи низ Охрид каде биле и прекршени препораките на УНЕСКО.

„…Конкретно ништо не се прави, дури и се влошува ситуацијата уште повеќе“, додаде тој.

И од организацијата „Охрид СОС“ велат дека активностите кои се преземаат за наводна заштита на регионот се површни. Обвинуваат дека општините продолжуваат по старо.

„Издаваат одобренија за градба кои не се во согласност со Планот за управување. Oпштините скоро три години од стапувањето во сила на Планот за управување, го немаат усогласено и туркаат стари постапки…“, велат од Охрид СОС.

Од Охрид СОС велат дека  нелегалното градење продолжува непречено. Во 2021 година во Охрид биле евидентирани 70, а во Струга 34 дивоградби од кои 40%, односно 59% отпаѓале на домување, комерцијални згради и разни надградби./Alsat.mk

Мики Трајковски

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button