ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алармантна состојба со пожари во Делчево и Пехчево

Пехчево и Делчево се најзагрозени од пожарите што го зафатија овој регион. Пожарот се шири со голема брзина, потпомогнат од силниот ветер.

Патот Делчево – Пехчево беше затворен со часови поради пожарот што се ширеше со голема брзина од двете страни на патот. Селата Горни и Долни Истевник, Умлени, Робово и Церник се под најголема опасност од пожарот.

Жителите велат дека се борат со огнот веќе неколку дена.

Во гаснењето на пожарот се ангажирани противпожарни единици од повеќе градови, но и од странство.

Поради алармантната ситуација и неконтролираните пожари, екипи од Словенија дојдоа на помош на Македонија. И Европската Унија најави помош за Македонија.

Mefailë Ismaili

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button