ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пожари низ територијата на земјава избувнуваат од минута во минута

Пожари низ територијата на земјава избувнуваат од минута во минута. Најалармантна е состојбата во Пехчевско – делчевскиот регион каде се загрозени неколку села, а од пожарот се зафатени и куќи. Критична е состојбата и во Кумановскиот регион каде што има осум активни пожари кои избувнале за час и половина, а во Прилеп гори шума на 18 локации и од село Ракле се евакуирани две лица. Активни 18 пожари има и во Скопје.

„Алармантна е состојбата и во Скопје. Во моментов имаме 18 пожари. Најкритични се село Кучково, селото Горно Свиларе исто така помеѓу Добри Дол и Ракотинци во општина Сопиште и во Горно Блаце кои во моментов избувна. Но, овие три локации кои што ги кажав се навистина алармантни.“

Од ЦУК велат дека во просек за 20 до 30 минути со едно јавување се обезбедува помош по барање на Противпожарна едница или општината. Приоритети се човечките животи и објектите, а нивите и нискостеблестите шуми се во втор план.

„ Отсега определуваме приоритети. Очекуваме дополнително засилување на ветерот и отежнувачки околности во справувањето со пожарите, но не губиме надеж, остануваме на терен со сите расположливи сили. Можеме дополнително да обезбедиме уште 500 војници. Материјалните ресурси се максимално ангажирани “

Апелот од ЦУК до граѓаните е доколку се во близина на пожар да ги напушатат домовите и веднаш да се евакуираат.

Andre Cobanova

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button