ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алармантно во Тетово и околината – Филипче и Комисијата бараат мерки за Тетово и регионот

Министерот за здравство д-р Венко Филипче на утринска координација со членови на Комисијата за заразни болести разговараа за епидемиолошката состојба во Тетово и се договорија до ГККШ на Владата да предложат нови мерки за овој регион, како би се спречило рапидното ширење на вирусот Ковид 19, пренесуваат од Министерството за здравство.
Во соопштението меѓудругото се додава:
Како кластери каде најбрзо се шири вирусот се свадби и прослави на затворено кои ги има многу во овој регион, а според информациите на локално ниво воопшто не се почитуваат мерките за превенција, пред сѐ носење маски на затворено.
Министерот и членовите на Комисијата на ГККШ ги предложуваат следните мерки и рестрикции:
-Забрана за оджрување на сите масовни настани на затворено, свадби, прослави. Ова е клучно да се почитува во следниот период, а граѓаните мора да разберат дека оваа мерка е нужна.
-Исполнетост на затворениот дел од угостителските објекти не смее да надминува 30%, а на масите не смеат да седат повеќе од 4 лица.
-Засилени контроли за спроведување на овие мерки но и мерките за лична заштита и тоа пред се носење маски на затворено.
– Засилување на теренската вакцинација и комуникацијата на локално ниво со цел зголемување на опфатот, бидејќи е јасно дека само со вакцинација може да спречиме и ширење, и ризици од тешко заболување кај пациентите.

Од анализата на ИЈЗ за изминатиов период само 11 пациенти досега се воопшто хоспитализирани кои биле целосно вакцинирани, само 167 воопшто се инфицирале од преку 400.000 вакцинирани граѓани.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button