ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев: Започнува нова ера на соработка во регионот

Од денеска започнува нова ера на соработка во регионот. Во Скопје се претставници на преку 300 компании од Албанија, Србија и Северна Македонија и уште стотина претставници од Балканот, рече премиерот Зоран Заев на почетокот на Економскиот форум во Скопје.

„Овој масовен одзив на нашата покана, да учествуваат на овој настан и да бидат активни чинители на уште посилно и поорганизирано поврзување на регионот е силна порака дека Балканот почнува да создава највисоко ниво на разбирање дека економското поврзување е заедничка желба и амбиција“, рече Заев.

За сите нас е јасно дека само си интегриран и поврзан регион може да се движиме кон нашата основна цел, членството во ЕУ. Ние не можеме да бидеме ништо друго освен земји од европскиот Балкан, , додаде Заев.

„Целта е да стигнеме нон стоп ‘just go’, да нема застанување на границите помеѓу Северна Македонија, Србија и Албанија, а се надеваме понатаму и пошироко“, рече Заев.

Македонскиот премеир кажа дека на денешната средба ќе бидат потпишани еден важен договор и два меморандума за соработка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button