РЕГИОН

Албанија го укинува полицискиот час

Албанскиот технички комитет на експерти за справување со пандемијата денеска одлучи да се укине полицискиот час, воведен во средината на ноември 2020 година, кој траеше од 23 до 6 часот.

Advertisements

По направената процена на епидемиолошката состојба во земјата, сè уште останува во сила мерката за носење заштитна маска во затворени простории и на места каде што не може да се одржи растојание.

„Во земјава има постојано подобрување. Се укинува полицискиот час, останува мерката заразените да останат изолирани пет дена, носењето заштитна маска во затворени простории и каде што не може да се одржува растојание. Подобрувањето на оваа состојба доаѓа од процесот на вакцинација. Мораме со интензитет да продолжиме со овој процес и да почнеме со имунизација и на деца над 12-годишна возраст“, информираше Мира Ракацоли, претседателка на Комитетот и заменик министерка за здравство.

За влез во Албанија и понатаму во сила останува мерката за поседување сертификат за примени две дози вакцина, како и мерката со која на спортски, културни настани или други собири се дозволува исполнетост од 30 отсто од капацитетот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button