Албанија/ Првите излезни анкети по затворањето на гласачките места покажуваат убедлива победа на Социјалистичката партија на актуелниот премиер Еди Рама
Албанија/ Првите излезни анкети по затворањето на гласачките места покажуваат убедлива победа на Социјалистичката партија на актуелниот премиер Еди Рама

Првите излезни анкети по затворањето на гласачките места покажуваат убедлива победа на Социјалистичката партија на актуелниот премиер Еди Рама на единаесетите парламентарните избори што денеска се одржаа во Албанија.
Повикувајќи се излезната анкета објавена од „Албанија пост, социјалистите на Рама освоиле 51.8 %, односно 79 мандати што е пет повеќе отколку на изборите пред четири години.
Демократската партија на Сали Бериша, според анкетите, обезбедила 54 места во албанскиот парламент со 38 отсто освоени гласови на национално ниво.
Коалициски партнери на социјалистите на Рама е партијата на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).
Според последните податоци на Централната изборна комисија, заклучно со 18 часот излезноста била 41,41 отсто.
Право на глас имаа вкупно 3,7 милиони граѓани, а во гласањето првпат учествуваше и дијаспората.
За 140 пратенички места во парламентот се натпреваруваа вкупно 2.046 кандидати.