РЕГИОН

Албанскиот парламент го изгласа договорот за мигранти

На седница, која траеше само седум минути и беше проследена со свирежи и навреди, албанскиот Парламент, со 77 гласови „за“ го ратификува договорот со Италија за отворање на два прифатни центри на албанска територија за сместување лица фатени во обид илегално да дојдат на италијанскиот брег.

Advertisements

Договорот, за кој беше потребно одобрение од просто мнозинство, од 140-члениот парламент, помина со гласовите на пратениците на владејачката Социјалистичка партија и тројца пратеници на Партијата за правда и единство. Опозицијата го бојкотираше гласањето.

Договорот, кој на 6 ноември минатата година, во Рим, го потпишаа албанскиот премиер Еди Рама и неговата италијанска колешка Џорџа Мелони, на 15 месецов го ратифкува и италијанскиот Сенат, со 93 гласа „за“ и 61 „против“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button