МАКЕДОНИЈА

Албанските опозициски партии со свои сомнежи за резултатот од пописот

Алијанса за Албанците бара отстранување на 132 илјади граѓани од вкупното население во Северна Македонија. Според нив, оваа бројка е изманипулирана и ставена во вкупниот број без да се задоволат законските критериуми за пријавување.

Advertisements

„Мораме да ги отстраниме и да не ги броиме во пописот на населението овие 132 илјади жители кои таму се запишани со прекршување на законот за да бидат донекаде во прифатливи бројки за пописот“, рече Зијадин Села, претседател на АА.

Од Движењето Беса се сомневаат дека резултатите од пописот се политичко пазарење меѓу СДСМ и ДУИ. Според Арјанит Хоџа, поради пречките што ги имала дијаспората при попишувањето се губи кредибилитетот на резултатите од пописот.

„Ако тргнеме од статистичките податоци од овој попис, излегува една голема вистина која континуирано ја истакнуваме како загриженост, а тоа е дека сите овие години за време на владеење на ДУИ, Албанците масовно ја напуштаат својата татковина“, рече Хоџа.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече дека резултатот од пописот е прифатен од надлежните институции и дека не треба да се политизира.

„Би сакал да апелирам до сите политички фактори, да не се политизира и вжештува состојбата меѓу етничките заедници“, рече Ахмети.

Алијанса за Албанците, Движењето Беса и ДУИ се согласуваат да се замени дефиницијата 20 проценти со Албанци и албански јазик.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button