ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пописот го изнесе на виделина намалувањето на населението во Македонија

На 17 километри од главниот град се наоѓа селото Грачан во кое некогаш имало околу 70 населени куќи. Но, денес има само тројца жители кои останале за да се грижат за својот добиток.

Жителите што ги сретнавме велат дека селото е напуштено поради немање перспектива, невработеност и најосновни услови за нормален живот.

„Претходно, колку што памтам имаше од 40 до 48 куќи, но од 1981 година наваму почнаа да го напуштаат селото“, вели едед од жителите.

„Никогаш немало автобус овде, причините почнале од таму луѓето да си одат, за да го испратиш детето на училиште требаше да го испратиш со нешто, немавме ниту возила, ниту ништо. Јас сум одел на училиште пет години пеш во Никоиштане, како дете“, додава еден од жителите.

Дури и селото Раовиќ кое се наоѓа на само 13 километри од општина Сарај е многу блиску до целосно напуштање.

Ако до пред 10-15 години во тоа село имало 78 полни куќи, сега се празни и само шест од нив имаат жители. Тоа се должи на фактот што недостасуваат основните услови за живот.

„Имаше многу жители на ова село, некаде 780 жители имаше ова село. Но сега е празно поради лошата инфраструктура. Гимназијата е далеку,а основно училиште имаме во селото. Сега останаа уште шест-седум куќи, а и тие заминуваат од ден на ден. Сега нема добра перспектива за луѓето да живеат во ова село“, рече Мухамет Авдурамани, жител на Раовиќ.

Раовиќ сега има само 4 или 5 ученици кои одат на училиште. Ова село и Грачан се меѓу 207-те населени места кои според резултатите од пописот имаат многу малку или воопшто немаат жители.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button