МАКЕДОНИЈА

Селами: Резултатите од пописот се валидни, сигурни и реални

Резултатите од пописот објавени вчера се валидни, веродостојни и реални, изјави заменик директорот на Државниот завод за статистика, Илми Селами во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат. Според него, резултатите од пописот се резултат на многу професионална работа направена на терен и во никој случај не е резултат на каков било прелиминарен политички договор.

„Ние од Државниот завод за статистика од почетокот кажавме за фазата на подготовка и за фазата на практична имплементација на пописот, но особено во фазата на обработка на податоците сите фази се професионално работени во соработка со државните институции и под раководство на експертот кој е ангажиран од Европската комисија и може да се гарантира дека сите процеси се направени професионално. Тоа го кажав на почетокот и го кажувам сега дека не може да има статистички процес кој се води со политички пазарења, бидејќи самиот статистички процес не е пазар, туку е најголемата статистичка акција во државата и нешто што треба да да се потврди со тропање на вратата на секој граѓанин и потврда на сите податоци“, рече Селами.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button