ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Албанците во Гази Баба се над 20 проценти, но нема двојазичност

Албанците во Гази Баба се над 20 проценти, но нема двојазичност

Општина Гази Баба сè уште не воведува двојазичност, иако по последниот попис на населението спроведен во септември 2021 година процентот на Албанци во неа е 20,32%. Градоначалникот, Бобан Стефковски, тврди дека двојазичноста се спроведува, а колку се применува тоа говори фактот што таблата со името на општината не е сменета и по една година, а веб-страницата е само на македонски.

На прашањето за промена на табелата, бидејќи досега не можевме да добиеме одговор пред камера, градоначалникот рече дека има процедури кои мора да се следат. Во тој момент преку шега се вмеша министерот за екологија, кој беше со него во село Страчинци. Нуредини рече дека ако изведувачот на проектот тврди дека канализацијата може да се заврши за три месеци, тогаш многу побрзо може да ја сменат и таблата.

„Сигурно градоначалникот ќе вети дека ако тој може да изгради канализација за три месеци, тогаш може многу побрзо да ги смени и таблите“, изјави Насер Нуредини, Министер за екологија.

Од Државниот инспекторат за имплементација на јазиците велат дека досега во оваа општина не се вршел инспекциски надзор, но тоа било предвидено во годишниот план за оваа година.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button