ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Идризово – убиецот на слобода, полицајците зад решетки

Идризово – убиецот на слобода, полицајците зад решетки

Командирот на затворот Идризово и уште двајца затворски полицајци завршија зад решетки во Шутка. Одлуката доаѓа по спектакуларното бегство вчера на лице кое требало да лежи 20 години затвор за убиство. За ранетиот затворски полицаец е одредена друга мерка за претпазливост.

Обвинителството денеска ги соопшти деталите како дошло до бегството. Од сето тоа, осомничениот командир на надворешното обезбедување и уште тројца полицајци сториле кривично дело „против законско ослободување на осудено лице“.

„Осомничените, по претходна инструкција на првоосомничениот – командир, како службени лица, со умисла, со преземање и со непреземање на дејствијата кои морале да ги преземат, му помогнале и овозможиле на осудениот Беким Мемети да избега. Со тоа ги прекршиле сите процедури за придружба на осудено лице за тешко кривично дело затворска казна, во здравствена установа“, велат Јавно обвинителство.

Откако осудениот сам си ја пресекол левата дланка, бил преврзан во затворската амбуланта, надлежните не побарале лекарска интервенција од Брзата помош, за да се утврди дали повредите може да се санираат на лице место, туку по препорака на друг затвореник, кој имал овластување да дава прва помош, самоиницијативно одлучиле Мемети да го транспортираат во Ургентниот центар. Но, процедурите налагаат доколку осуденик мора да се лекува во здравствена установа, тогаш затворската служба мора да побара помош од МВР. Од полицијата пак, велат дека делото било извршено на начин што осомничените свесно му овозможиле бегство на осуденото лице.

Ангеловски објаснува дека и покрај тоа што куршумот бил испукан кон покривот на возилото, за полицајците да се оправдаат за бегството, проектилот се одбил и го погодил затворскиот полицаец И.Х. во долниот дел од стомакот. Од МВР велат дека ваквите противзаконски дејствија биле извршени откако службеното затворско возило било пресретнато од возило „ауди“. Затворските полицајци не презеле никакви мерки против ваквото насилно застанување. Па, така, по инцидентот, осудениот влегол во „аудито“ и го напуштил местото на настанот. Иако дел од затворските службеници биле вооружени, не презеле никакви мерки да го спречат бегството.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button