СПОРТФУДБАЛ

Алегри го напушта Јувентус пред истекот на договорот?!

Масимилијано Алегри ќе го напушти Јувентус на крајот од сезоната, тврдат неколку италијански медиуми. Според овие извори, Алегри ќе го напушти клубот пред истекот на договорот. Тренерот има договор со Јувентус до јуни 2025 година. „Тутоспорт“ и „Газета дело Спорт“, објавија дека ниту Јувентус сака да му понуди нов договор, ниту Алегри сака да остане во клубот.

Advertisements

Според овие извори проблем нема да биде ниту оштетата која треба да ја добие Алегри за предвремен раскин на договорот. Тренерот има годишна плата од седум милиони евра, но според медиумите двете страни ќе договорат раскин на договорот за помала сума.

Јувентус, пред еден месец беше легитимен кандидат за шампионската титула, но во последните осум натпревари забележа само една победа и на табелата падна на третото место.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button