ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алијанса – Алтернатива го доставија до СДСМ текстот на предлог-законот за државјанство

Алијансата за Албанците и Алтернатива го доставија до СДСМ текстот на новиот предлог-закон за државјанство. Пратеничката група на социјалдемократите ќе го разгледа и потоа ќе го испрати до Министерството за внатрешни работи за стручно мислење. Лидерот на Алијансата, Зиадин Села е оптимист дека законот овој пат ќе помине. Тој сепак најави дека ако законот повторно биде блокиран, тогаш опозициската коалиција, следниот состав на Владата ќе го услови токму со усвојувањето на овој закон.

„Предаден е на координаторот на СДСМ да го проследи до Владата и премиерот. Верувам дека во следните денови ќе има епилог на прашањето кое е загарантирано. Тоа е оптимално право, загарантирано со Универзалната повелба за човекови права“, рече Зијадин Села, претседател на АА.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button