ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алијанса: Не се почитуваат законите и конвенциите

Алијанса за Албанците пред затворот Шутка, каде што се дел од обвинетите за настаните од 9 и 10 мај 2015 година во Куманово, реагираше и нагласи дека не се почитуваат нивните основни права, семејните посети и слободните викенди. АА наведува дека петмина од затворениците ги исполниле сите законски услови за слободен викенд, но ова право директорот на затворот им го ускратува иако добиле позитивно мислење од соодветната комисија.

Advertisements

„Ја повикуваме Управата на затворот, Министерството за правда, Управата за спроведување на санкциите и сите надлежни институции да ги почитуваат важечките закони, меѓународните конвенции и Уставот на државата, кој вели дека пред законот сите се еднакви. Со неадекватно постапување со затворениците, Северна Македонија не само што потврдува дека е хибриден режим, туку сега се движи кон системи како оној на Северна Кореја“, изјави Арбен Зеќири, портпарол на АА /Алсат.мк

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button