ВЕСТИ

Алијанса со критики за ДУИ: „Дете родено во 2001-та, денеска е гурбетџија“

Алијанса со критики за ДУИ: „Дете родено во 2001-та, денеска е гурбетџија“

Охридскиот договор не е целосно имплементиран и земјата продолжува да се соочува со истите проблеми што ги имаше пред повеќе од две децении. Вака оценуваат опозициските партии во земјава. Од ВМРО-ДПМНЕ коментираат дека Рамковниот договор донел мир, но потоа следувал криминалот на ДУИ.

Од Алијанса за Албанците велат дека Охридскиот договор имал за цел да обезбеди рамноправност меѓу етничките заедници и развој на државата, но по 21 година целта сè уште не е постигната кај ниту еден од столбовите на овој документ.

„За појасно да се разбере неуспехот на владите од овие две децении предводени од ДУИ, доволно е да се потсетиме дека дете родено во 2001 година, денес на 21 година го прекинува учењето и заминува од државата, тргнувајќи по патот на дијаспората. Многу негови врсници се деца на паднати борци кои се жртвуваа за овој договор, а многу жени оттогаш останаа без сопрузи, денес ги испратија и своите синови. 21 година по потпишувањето на Охридскиот договор, владејачката партија ДУИ се фали со иселувањето на младите и со малите инвестиции на приватни бизнисмени кои се обидуваат да им го украдат трудот“, велат од Алијанса за Албанците.

Од Алијанса велат дека неспроведувањето на Охридскиот договор довело до зголемување на криминалот и корупцијата, главно на штета на Албанците. Опозициските партии оценуваат дека во државата продолжува да владее нееднаквост меѓу заедниците, нема индивидуална правда за граѓаните, а сиромаштијата се зголемува./Alsat.mk

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button