ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Синдикатите се закануваат со штрајкови ако не добијат екстра 2.800 денари

Синдикатите се закануваат со штрајкови ако не добијат екстра 2.800 денари

Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија побара итни мерки од државата за спречување на економската криза. Според првиот човек на оваа Конфедерација, Марјан Ристески, од кризата најмногу страда работната сила затоа што производите се неколкукратно повисоки, а земаат исти плати, кои најчесто се прениски. Најавуваат штрајкови и протести во септември кога сите ќе се вратат на редовните активности.

Претставниците на многу синдикати едногласно рекоа дека не се откажуваат од првичното барање за зголемување на платата за 18,4% по растот на минималната. Покрај најавата за кризна зима, постои и ризик од недостиг на работна сила бидејќи, според синдикалците, решенијата за работа веќе не ги привлекуваат младите кои преферираат да се иселат.

Итниот повик на синдикалците е Владата да го свика социјално-економскиот совет и заедно со синдикатите и здруженијата да го конкретизираат договорот за линеарно зголемување на платите за 2.800 денари. Во септември истекува рокот што владата го побара за нивелирање на платите според договорот со синдикалците, кои пак се скептични, па најавуваат протести и штрајкови./Alsat.mk

Ади Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button