ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Али Ахмети: „За 5 години ќе станеме членка на ЕУ!“

Али Ахмети: „За 5 години ќе станеме членка на ЕУ!“

Денеска се навршуваат 21 година од потпишувањето на Охридскиот договор, документот со кој заврши конфликтот во 2001 година. За претседателот Стево Пендаровски, преку овој договор, земјата изгради модел на функционална мултиетничка демократија која го одржува мирот и стабилноста и постави највисоки стандарди за правата на заедниците.

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека Охридскиот договор придонесе за обединување, желба за соживот и меѓусебна толеранција. Тој додаде дека Охридскиот договор ги отвори вратите на земјата за НАТО и за Европската Унија.

Али Ахмети пак, порача дека ќе се продолжи ангажманот за мир, стабилност и иднина на државата.

„Како што сме во НАТО, многу скоро, драг Ковачевски, ќе станеме и членка на ЕУ, ќе ги исполниме нашите обврски според стандардите, ќе се бориме без компромиси против криминалот, корупцијата и функционирањето на правната држава и јас сум многу сигурен дека сите заедно во рок од 5 години ќе бидеме полноправни членки на ЕУ“, изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Охридскиот договор го круниса крајот на албанското востание за еднакви права по неколкумесечни преговори кои започнаа во Скопје и продолжија во вилата „Билјана“ во Охрид. Рамката ја потпишаа поранешниот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и тогашен премиер Љубчо Георгиевски, поранешниот претседател на ПДП Имер Имери, поранешниот претседател на ДПА Арбен Џафери и тогашниот претседател на СДСМ Бранко Црвенковски.

Охридскиот договор го посредуваа специјалните претставници на ЕУ и САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју, кои исто така ја играат улогата на гаранти. Охридскиот договор во својот член 1 предвидуваше дека насилството повеќе не е средство за постигнување политички цели. Страните се обврзаа на прекин на непријателствата, на развој на децентрализирана власт, на недискриминација и правична застапеност, на принципот на Бадентер, на образование и употреба на јазиците, на правото на манифестирање на идентитет итн.

Охридскиот договор требаше да се спроведе до 2004 година, но и денес, 21 година подоцна, многу прашања остануваат нереализирани и жаришта на кризи како во политиката, така и во меѓуетничките односи./Alsat.mk

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button