ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Алијанса со поддршка за синдикалците

Претставници на Алијанса за Албанците денаска им дадоа поддршка на синдикалците кои протестираа пред владината зграда на Илинденска. Од оваа политичка партија велат дека секогаш се на страната на работниците и нивна цел е решавање на проблемите на граѓаните.

Advertisements

Од Алијанса велат дека сите се соочуваат со високата стапка на инфлација која драстично ги зголеми цените на храната и енергенсите, и токму затоа треба да пораснат платите во јавниот сектор. Нивните пресметки се дека покачувањето на платите во јавниот сектор од 2800 денари државата ќе ја чини годишно околу 30 милиони евра.

„Од нереализација на капиталните расходи има 30 милиони евра да се реши овој проблем, да се помогне. Ова е е популистички став, верувајте дека е реален став, за реалните потреби на граѓаните“, рече Ељми Азири, Алијанса за Албанците.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button