ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алијанса во Влада – Кои министерства ќе ги раководат кадри на АА

Преговорите меѓу СДСМ и Алијансата за Албанците за проширување на владиното мнозинство се при крај, бидејќи двете страни признаваат дека веќе има договор за голем дел од прашањата. Алијансата за Албанците евентуалниот договор на работните групи ќе го помине низ филтерот на Централното собрание.

„Веќе сме при крај. Можам да кажам дека огромен дел од договорот е постигнат. Верувам дека денеска или утре договорот ќе биде дефинитивно финализиран и потоа ќе го објавиме јавно и ние и владата. Мислам дека треба да се заврши со и потоа да кажеме. Би било некоректно да кажеме нешто, а потоа да се смени“, рече Арбен Таравари, претседател на Алијансата за Албанците.

Премиерот Ковачевски ги потврди очекувањата за позитивен резултат од преговорите. Тој очекува дека и Алтернатива ќе остане дел од мнозинството.

На прашањето на Алсат, од Алтернатива не потврдија дали се запознаени за прашањата за кои досега се договориле СДСМ и Алијанса.

„Имаме став дека не водиме преговори преку медиумите. Имаме важечки договор и го почитуваме до крај. По завршувањето на преговорите меѓу СДСМ и Алијанса, доколку се прекрши нашиот договор за заедничко владеење, тогаш партиските органи ќе донесат одлука“, рекоа од Алтернатива.

Сè уште се непотврдени позициите, евентуалниот кадар како и конкретните точки од договорот.

Неофицијално, како што претходно информираше Алсат, преговорите се водат главно за Министерството за правда и здравство. Но, ако не успеат да го добијат Здравство, Алијанса инсистира на Министерството за труд и социјална политика. Евентуално, ако Алтернатива ја напушта Владата, Алијанса ќе побара плус да го добие Екологија или Министерството за информатичко општество.

Кадровски преговори:

• Министерство за правда и Министерство за здравство
или
• Министерство за правда и Министерство за труд и социјална политика
(Без Алтернатива)
• Министерство за правда, Министерство за здравство и Министерство за екологија или Министерство за информатичко општество

Позициите на замениците министри кои се на преговарачка маса зависат од министерствата што ќе ги добијат, но, неофицијално, разговорите главно се водат за заменик министерот за одбрана, внатрешни работи и труд и социјална политика. Во фокусот е и барањето за управување со Трудовиот Инспекторат и социјална политика и образование. Алијанса бара да раковиди со две од овие институции: Фондот за пензиско, Фондот за здравство или Мепсо и води преговори за местото заменик директор во Царинската управа или Управата за јавни приходи.

Кадровски преговори:

Заменик министер за одбрана
Заменик министер за внатрешни работи
Заменик министер за труд и социјална политика

Инспекторат за труд
Просветен инспекторат
Фонд за пензиско осигурување
Фонд за здравствено осигурување или
Мепсо
Заменик директор на Царина или
Заменик директор на УЈП

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button