ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алијанса за Албанците апелира САД да се фокусираат и на случајот „Маѓар телеком“

Алијанса за Албанците го поздрави интензивирањето на американската војна против корупцијата на Западен Балкан, а особено кај нас. Според партијата, вклучувањето на Груевски и Мијалков во списокот на американски санкции е сознание за фактичката состојба на теренот, бидејќи против нив има правосилни одлуки за коруптивни дела. „Очекуваме на списокот да се додадат и други корумпирани чинители кои сè уште се политички активни и недостапни за правдата во земјата, бидејќи ги контролираат судиите и обвинителите. Новиот список треба да ги содржи имињата на политичарите инволвирани во случајот Маѓар Телеком, против кои Комисијата за хартии од вредност на САД донесе правосилно кривично решение“, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button