МАКЕДОНИЈА

Алијанса за Албанците ја обвини локалната и централната власт за недостатокот на вода и јавна хигиена во Тетово

Алијанса за Албанците ја обвини локалната и централната власт за недостатокот на вода и јавна хигиена во Тетово. Претседателот на разгранокот на Алијанса во Тетово, Музафер Етеми, рече дека осум години општината не мрднала ниту еден камен за подобрување на условите во Тетово, споменувајќи ги неизградените градинки, киното, библиотеката и театарот. Етеми рече дека, во последните осум години, градот Тетово и покрај многуте ветувања, продолжува да се соочува со проблеми од средниот век.

„Денес во Тетово се зборува за преживување, чист воздух, вода за пиење и јавна хигиена. Тетово во текот на овие осум години има средновековни проблеми, полн со диви депонии, загаден воздух и недостаток на инфраструктура и најскандалозно, нема вода, но има поплави што одземаат животи и уништуваат домови. Незаинтересираноста на општината и Владата за проблемите на граѓаните ја надмина секоја точка на трпеливост на граѓаните на Тетово. Отсега натаму, ќе ги замолуваме граѓаните исто како што успеавме да постигнеме многу каузи со кревање на гласот со протести и разни активности да се ослободиме од оние кои ни го ускратуваат правото на живот“, рече Музафер Етеми, претседател на разранокот на АА, Тетово.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button