ЕКОНОМИЈА

Алкалоид со инвестиции од 20 милиони евра

Алкалоид соопшти дека имал раст на консолидираниот извоз од 15%, инвестиции од 20,2 милиони евра и 191 ново вработување во земјава во периодот јануари – септември оваа година. Според единечниот биланс на успех, вкупните консолидирани продажби им биле за 14% повеќе во споредба со истиот период минатата година. Од нив 30% биле остварени на домашниот, а 70% на странските пазари. Најголем пораст на извозот имале во Канада, Италија, Јужна Африка и во Австрија. Гледано според групи, најмногу се извезувале фармацевтски производи, односно 90%. Акциите на Алкалоид биле едни од најтргуваните и најликвидни акции на македонската Берза.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button