СПОРТ

Алкараз и Медведев во полуфиналето на УС Опен

Првиот светски рекет Карлос Алкараз се пласираше во полуфиналето на УС Опен, каде ќе се сретне со Данил Медведев. Шпанецот со 3:0 во сетови го победи Александар Зверев за нешто повеќе од два часа. Алкараз го доби првиот сет со 6:3, во вториот беше уште поубедлив и на противникот му препушти два гема, а третиот го заокружи со 6:4.

Во полуфиналето го чека пресметка со рускиот тенисер Даниил Медведев. Третопласираниот во светот во четврт-финалето го победи својот кум и сонародник Андреј Рубљов со 3:0. По сетови беше 6:4, 6:3, 6:4. Дуелот траеше два часа и 48 минути. Десеттиот гем од третиот сет, на сервис на Рубљов, траеше дури 15 минути, и двајцата беа пред колапс, а Медведев петтата меч-топка ја претвори во победа.

Во другото полуфинале ќе играат Новак Ѓоковиќ и Бен Шелтон. Двата полуфинални дуели се закажани за в петок.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button