ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алсат дознава дел од извештајот на германската експертиза за модуларната болница

Во тетовското обвинителство пристигна преводот на извештајот на германските експерти за пожарот во модуларната болница во Тетово на 8 септември минатата година. Како што дознава Алсат од свои извори во обвинителството, во извештајот на германските експерти се наведува дека причина за ширењето на пожарот во тетовската модуларна болница можеби е продолжениот кабел на кој бил приклучен медицински апарат за лекување на пациенти.

Извештајот, според обвинителството, е доставен на анализа на пет обвинители вклучени во истрагата за случајот, кој, откако ќе го анализираат, ќе утврдат дали од овој извештај ќе произлезе правно мислење, за отворање нови истраги, или ќе продолжи со истите истраги што домашните обвинители ги водеа досега. Состанокот на обвинителите се очекува да се одржи во рок од една недела, по што ќе бидат донесени заклучоците.

Од тетовското обвинителство не соопштуваат повеќе детали за содржината на преведениот извештај, со образложение дека е дел од истрагата за случајот, додека од обвинителството велат дека извештајот на германските експерти е исклучително важен бидејќи, од овој извештај ќе може да се отвори нова истрага.

За овој случај досега се сослушани над 30 лица, а имало случаи кога дури доброволно се предлагале да дадат исказ, членови на семејството и други лица кои случајно се нашле таму кобната ноќ.

Меѓу сослушаните, покрај вработените во тетовската болница има и лица од Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство, заедно со лица вклучени во изградбата на болницата.

Во пожарот што избувна на 8 септември загинаа 14 лица, од кои 12 беа пациенти и двајца членови на семејство кои се грижеле за пациенти заразени со Ковид.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button