ВЕСТИРЕГИОН

Ригорозоната мерка на косовските власти, удар за домашните компании

Ригорозната мерка која ја воведе Косово за влез на нејзина територија само со трета доза ќе предизвика сериозен удар на компаниите од Македонија. Засега е рано да се процени колкава ќе биде штетата, но доколку не се тргне ова правило за поминување на границите најмногу ќе изгуби транспортниот сектор, вели за Алсат, Дрилон Есени, од Комората на Северозападна Македонија.

„Голем проблем е тоа што дополнително им се натежнува на компаниите при функционирање и за во пазарот во Косово. Соработката е голема и од двете страни, бидејќи наши компании се активни во пазарот во Косово и обратно. Многу компании од Косово влегуваат во нашиот пазар со нивната деловна активност. Ние апелираме дека сите овие нетарифни бариери, кои не им одат во полза на бизнисот ниту на граѓаните треба да се укинат од страна на косовските институции“, вели Исени.

Косовските власти решија од викендов до четврти февруари да не пропуштаат никого на своја територија кој не примил трета доза вакцина. Оваа одлука официјална Приштина ја донесе по рекордниот број на новозаболени кој достигна речиси три илјади лица за само 24 часа. Министерот за задравство Беким Сали побара нековите колеги од Косово да ја преиспитаат мерката и да најдат начин кој нема да го наруши слободното движење на граѓаните и бизнисот.

Но, од косовската влада соопштија дека нема да отстапат од ваквата мерка. Приштина од 21 јануари воведе мерка- сите постари од 12 години да имаат потврда за трета доза од вакцината за да влезат во Косово. Во земјата има и полициски час кој трае од 22 до пет часот наутро. Инаку Косово е еден од најдобрите бизнис партнери на Македонија со кои остваруваме суфицит во трговската размена.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button