ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алсат ја објавува целосната поделба на ресурсите во новата Влада, еве кои министерства ги добива ВЛЕН

Веќе се пишува дека ресурсите се поделени меѓу ВМРО и ВЛЕН, а се очекува тие официјално да бидат објавени во петок.

Следен претседател на Собранието ќе биде претседателот на Алтернатива, Африм Гаши. Освен тоа, спикерот од алтернатива ќе ги има и евроинтеграциите.

Алтернатива ќе има и заменик министер за образование и заменик министер за етнички заедници.

Демократското движење на Изет Меџит ќе ја преземе функцијата прв вицепремиер на Владата, функција која претходно ја вршеше Артан Груби. Го добива и Министерството за животна средина како и двајца заменици министри, за транспорт и МВР.

Движењето Беса ќе раководи со Министерството за економија и Министерството за труд и социјална политика, а ќе има и заменик министер за култура.

Арбен Таравари го добива Министерството за здравство, Министерството без ресор, заменик министерско место во министерството за одбрана и заменик министер за земјоделство.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button