ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алтернатива не дава фотелји за Алијанса, тоа требало да го стори ДУИ

Алтернатива не дава фотелји за Алијанса, тоа требало да го стори ДУИ

Партијата Алтернатива на Африм Гаши и покрај тоа што премиерот не го отвори прашањето за проширување на коалицијата, испрати јасна порака до Ковачевски, Таравари и Али Ахмети. Според нив, ДУИ е таа што има проблем со внатрешен раскол и затоа таа треба да направи простор за нов потенцијален член на владината коалиција во случај на нејзино проширување. Од друга страна, Алтернатива смета дека ја има истата важна тежина како пред 12 месеци кога ја спаси Владата од паѓање во Парламентот и овозможи разговори со ЕУ.

„Алтернативата нема потреба да преговара со Алијанса. Јасно е дека нивната улога во моментов е да го амортизираат расколот во ДУИ. Тоа е нивен избор. Но, логично е тој што е во неволја да биде спремен да надомести со ослободување на дел од ресорите што моментално ги води… Во исто време не ја прифаќаме тезата дека бидејќи Алтернатива има помалку пратеници од Алијанса, треба да плати политичка цена со кадровски отстапки“, велат од Алтернатива.

Од Алтернатива упатуваат и порака до Ковачевски: „Доколку не се испочитува политичкиот договор со Алтернатива до крај, зошто некој друг би верувал дека вреди да се стане партнер со оние кои не ги исполнуваат своите обврски?“

Алтернатива го испрати овој сигнал и до Таравари.

Од друга страна, од ДУИ, која се смета за иницијатор за проширување на владиното мнозинство со Алијанса, нема одговор ниту за преговорите, ниту за местата што би било спремна да ги отстапи./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button